Го остави своето BMW со „сите четири“ вклучени: Го остави возилото за да ги блокира пожарникарите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Изгледа дека вакво арогантно паркирање не се гледа секој ден.

Loading...

Видеото објавено на „Редит“ покажува кабриолет „BMW“ од серијата 4, застанат на улица, покрај ред автомобили паркирани долж работ на тротоарот, додека противпожарно возило чека автомобилот да се помери за да продолжи понатаму.

Сопственикот претходно ги вклучил сите четири трепкачи и излегол од возилото, со добро познатиот став „само за една секунда се враќам“.

Токму во тој момент налета противпожарно возило, кое, како што изгледа, почна да интервенира – и во такви ситуации, секоја минута се брои.

Сопственичката конечно се појави по неколку минути, многу случајно влезе во своето BMW и продолжи како ништо да не се случило.

 

 

Loading...

Leave a Reply