Глаголицата не е најстаро писмо на Словените: Откриени нови докази!

Сподели со своите пријатели

Меѓународна група научници тврди дека глаголицата не е најстарата азбука на Словените, туку дека тоа била рунската азбука.

Loading...

Како доказ за ова тврдење, тимот научници започнал од гравирана кравја коска од седмиот век, пренесува Индекс.хр и наведува дека станува збор за скршена коска од крава пронајдена во јужна Чешка во 2017 година, што ја проучувале научници од Чешката Република, Австрија, Швајцарија и Австралија.

„Тоа е најстариот пронајден натпис меѓу Словените“, рекол водечкиот истражувач, археологот Јиржи Махачек од Универзитетот Масарик во Брно.

Објаснето е дека меѓународниот тим користел генетско и радиојаглеродно тестирање за да ја утврди возраста на коската.

„Овие чувствителни анализи покажаа дека коската припаѓа на припитомено животно кое живеело околу 600 година“, рече член на научната група, Зузана Хофманова, аналитичар на швајцарскиот универзитет во Фрајбург.

Роберт Недома од Универзитетот во Виена го идентификувал натписот како рунска азбука што ја користеле германските говорители во Централна Европа од 2 до 7 век.

Се состоела од 24 карактери, а последните седум биле испишани во анализираната коска, велат научниците.

„Веројатно целата рунска азбука првично била на коската. Значи, ова не е посебна порака, туку веројатно помагало за учење”, тврдат експертите.

Loading...

Leave a Reply