Ѓурѓевдан, пијани гости, прасе и мртовечки ковчег – бизарна снимка ги преплави социјалните мрежи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неколку мажи од Србија станаа вистински хит во регионот откако на социјалните мрежи се појави бизарно видео на кое освен трубачи, пијани гости, прасе на скара и алкохол, се појави и ковчег со сите венци на него.

Loading...

Засега не се знае кога и во кој град е направено бизарното видео.

Додека трубачите во куќата свиреа „Ѓурѓовдан“, четворица мажи носеа ковчег со видлива насмевка на лицата.

Иако описот на видеото гласеше „Ode tašta“, неколку корисници на социјалните мрежи напишаа дека видеото е ергенска забава, односно забава што пријателите ја организирале за младоженецот.

Во еден момент камерата на телефонот се сврте на десната страна од дворот, каде што можеше да се видат прасе веднаш спроти масата каде што имаше големо количество алкохол.

Додека трубачите ја креваа атмосферата на собраните на бизарниот собир, еден од оние што го носеа ковчегот зеде венец од гајбата и почна да игра со него во рацете, цело време имаше насмевка на лицето, како и другите собрани.

 

@draskom♬ original sound – Draško Mijatović

Loading...