Германски и британски сили пресретнале руски борбени авиони над Балтикот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Три руски борбени авиони, кои летале без сигнал од транспондер, биле пресретнати од германските и британските сили во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти денеска германски Луфтвафе, пренесе Ројтерс.

Loading...

Германските и британските сили идентификуваа два руски борбени авиони Сухој Су-27 и еден Иљушин Ил-20, објави германското воздухопловство на Твитер.

Поставени се и неколку слики од рускиот авион во лет, пренесува Танјуг.