Германија размислува за враќање на задолжителен воен рок?

Сподели со своите пријатели

Бундесверот се соочува со недостиг од борбени авиони, фрегати, хеликоптери, но и војници, па владата на Олаф Шолц размислува за враќање на задолжителната воена служба.

Loading...

Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека има голем јаз меѓу Германците по ова прашање, бидејќи постарите се за враќање на воениот рок, стравувајќи од ширење на конфликтот од Украина кон западна Европа, младите Германци, кои се најдиректно погодени од ова, не се поддржувачи на промените.

Социјалдемократскиот министер за одбрана Борис Писториус го наведува примерот на Шведска, каде, исто како и во Германија, задолжителната воена служба беше укината, а потоа повторно воведена.

„Имаше причини зошто беше суспендиран воениот рок, но во ретроспектива тоа беше грешка“, рече тој.

Исто така, се наведува дека доколку повторно се воведе обврската за воен рок, таа би ги опфатила двата пола.

Според официјалните информации на Бундесверот, Германија на крајот на октомври имала на располагање 181.383. војници, додека за време на Студената војна во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век ги имало речиси половина милион.

Бундесверот сега е далеку од својата цел до 2025 година да има 203.000 мажи и жени во униформи, додека во исто време е се помалку привлечен за младите.

„Со децении воената служба беше основата на германското општество“, вели Писториус.

Loading...

Сега, меѓутоа, германската армија е составена од доброволци бидејќи во 2011 година беше укината воената обврска, но проблемот е што волонтерите повеќе не доаѓаат.

Во интервју за Дојче веле, новинарот и експерт за одбранбена и безбедносна политика Томас Виголд за ова ја обвинува „големата фрустрација создадена од бирократијата, бидејќи апликантите често чекаат половина година за одговор“.

Пазарот на трудот е таков што младите можат да изберат каде сакаат да работат, а Бундесверот не е атрактивен работодавач, додава тој.

Критики за идејата на Писториус доаѓаат и од редовите на неговата Социјалдемократска партија.

Лидерот на партијата Саскија Ескен верува дека Бундесверот нема да биде способен да изврши задолжителен воен рок сега.

Кристијан Дир, шеф на пратеничката група на либералите, која е член на владејачката коалиција, смета дека повторното воведување на задолжителна служба би било сериозно навлегување во слободата на младите кои сакаат да бидат професионално ориентирани.

Но, поддршката, неочекувано, доаѓа од демохристијаните кои „се залагаат за општа воена служба, односно служба во Бундесверот“.