Германија одобри закон со кој на барателите на азил им се дозволува да работат порано

Сподели со своите пријатели

Германската влада одобри закон со кој на барателите на азил ќе им се овозможи порано да започнат со работа и план за заострување на казните за луѓето кои шверцуваат мигранти.

Loading...

Пакетот поддржан од владата, кој бара одобрување од парламентот, е последен во серијата чекори што германската влада ги презеде неодамна во обид да се справи со миграцијата како главно политичко прашање, објави АП.

Минатата недела беше одобрен закон кој има за цел да го олесни депортирањето на одбиените баратели на азил.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделник ќе одржи средба со 16 гувернери на германските покраини, со кои се очекува да разговара за миграцијата.

Засолништата за мигранти и бегалци се полнат низ Германија во последните месеци, а Шолц, кој се соочи со огромен притисок од опозицијата поради мигрантите, рече дека премногу доаѓаат.

Во Германија има повеќе од милион Украинци кои пристигнале од почетокот на војната со Русија, пренесува Танјуг.

Покрај тоа, на Германија ѝ недостасува квалификувана работна сила

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер рече дека според владиниот план, на барателите на азил ќе им биде дозволено да започнат со работа по три до шест месеци во Германија, што е помалку од деветте месеци што треба да чекаат сега.

Покрај постоечкиот план за привлекување на повеќе квалификувани работници, Германија мора најдобро да го искористи професионалниот потенцијал и квалификациите на луѓето кои веќе живеат во Германија, рече таа.

Loading...

„За да го направиме тоа мора што поскоро да ги запознаеме со бизнисот“, посочи Фезер.

Таа изјави дека паралелно се прават напори за проширување на курсевите за интеграција каде новодојдените го учат германскиот јазик.