Германија го подготви најголемиот воен пакет за Украина од почетокот на војната

Сподели со своите пријатели

Германија одреди нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра, најголем од почетокот на рускиот напад врз Украина, објави денеска германскиот весник „Шпигел“.

Loading...

Пакетот ќе вклучува 20 пешадиски борбени возила од типот „Мардер“, потоа 30 тенкови од типот „Леопард 1“, 15 противвоздушни самоодни оклопни пушки „Гепард“, 200 извидувачки беспилотни летала, четири дополнителни противвоздушни системи на од типот „Ирис-Т“, вклучувајќи проектили, муниција и повеќе од 200 борбени оклопни и логистички возила, се додава во текстот, пренесе Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.