Германија достигна рекордна бројка од 84 милиони жители

Сподели со своите пријатели

Приливот на украински бегалци во Германија е причината поради која земјата достигна нов рекорд со повеќе од 84 милиони жители, објави денеска германската Федерална статистичка служба.

Loading...

До крајот на јуни, бројот на жители на Германија се зголемил за 843.000 луѓе, или 1 отсто во споредба со крајот на 2021 година.

За споредба, бројот на жители се зголемил за само 82.000 луѓе или 0,1% во текот на целата 2021 година.

Околу 750.000 украински бегалци дојдоа во Германија бегајќи од руската инвазија од почетокот на 2022 година.

Најголем дел од бегалците се жени, објави Заводот за статистика, наведувајќи дека до крајот на јуни во Германија живееле 501.000 Украинки и девојчиња повеќе отколку на крајот на 2021 година, додека бројот на украински мажи и момчиња е зголемен за 248.000.

Германија забележа раст на населението од оваа големина во 1992 и 2015 година.

Во 1992 година, набргу по падот на комунизмот и обединувањето на Германија, пристигнаа околу 700.000 луѓе кои бегаа од војната во Југославија.

Во 2015 година, речиси еден милион мигранти дојдоа од земји зафатени од војна како Сирија, Ирак и Авганистан.

Loading...