ФСБ: Пентагон и НАТО стојат зад сајбер нападот од Украина врз руската инфраструктура

Сподели со своите пријатели

Зад масовните сајбер напади од украинска територија врз руската критична инфраструктура стојат Пентагон и земјите од НАТО, соопшти денеска прес-службата на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Loading...

Службата соопшти дека ФСБ има ресурси да идентификува одредени поединци, организации и директори соучесници во хакерските напади врз руската инфраструктура со цел да ги изведе пред лицето на правдата.

„Од почетокот на 2022 година, забележани се повеќе од 5.000 хакерски напади врз руската критична инфраструктура. Навремените мерки помогнаа да се спречи појава на негативни последици од ваквите дејствија за нашата земја“, се наведува во соопштението.

Се наведува дека анализата на компјутерските закани помогнала да се добијат податоци кои докажуваат дека Америка и земјите од НАТО ја користеле територијата на Украина за масовни компјутерски напади врз цивилни инфраструктурни објекти во Русија, пренесе Тас.

За да го прикрие своето соучесништво, Вашингтон се обидува да ја стави само Украина како актери на сајбер нападот, односно хакерската група на ИТ Армијата на Украина, која изврши илјадници компјутерски напади врз руските информативни ресурси, се наведува во соопштението.

Како што се посочува, овие сајбер напади се планирани со директно учество на обединетата команда на Пентагон во соработка со меѓународните хакерски групи Anonymous и Silence, американскиот клан Ghost, како и RedHack од Турција, GNG од Грузија и Squad 303 од Полска и други хакерски групи, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.