Франција отвори истрага против ChatGPT

Сподели со своите пријатели

Француското тело за заштита на приватноста CNIL соопшти дека истражува неколку жалби против ChatGPT откако апликацијата беше забранета во Италија.

Loading...

„CNIL прими неколку поплаки за апликацијата ChatGPT и ги истражува“, изјави агенцијата за Ројтерс.

Претходно, шпанската агенција за заштита на податоци АЕПД побара од Европскиот комитет за заштита на податоци да ги истражи наводите против апликацијата ChatGPT во сопственост на OpenAI, пренесува Танјуг.

Прашање за ChatGPT

„АЕПД разбира дека глобалните операции за обработка кои можат да имаат значително влијание врз правата на поединците бараат координирани одлуки на европско ниво“, изјави АПЕД за Ројтерс.

Оттаму додаваат дека токму поради тоа побарале прашањето за ChatGPT да се отвори на следната пленарна седница на Европскиот комитет за заштита на податоците.

Кон крајот на март, италијанската агенција за заштита на податоци објави дека отворила истрага за апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за собирање податоци на корисниците и привремено ја ограничила нејзината употреба на личните податоци на италијанските корисници.