Франција: Над 1,2 милиони домови без струја поради бурата Киран

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1,2 милиони домови во Франција останаа без струја по бурата Киеран што ја погоди земјата во текот на ноќта, а ветровите достигнаа максимална брзина од 193 километри на час.

Loading...

Невремето остави 1,2 милиони домови без струја во Франција, од кои 780.000 се во Бретања, соопшти францускиот дистрибутер на електрична енергија, пренесе Франс 24.

Метеоролозите најавија дека невремето во текот на денот ќе се пресели во внатрешноста, а во сила е портокалов метео аларм за вкупно 31 француски департман.

Во некои области долж Атлантикот се очекуваат бранови високи од осум до 10 метри, а во Париз на сила е предупредување за силен ветер.

Во Франција се очекува да биде прекинат сообраќајот од неколку аеродроми низ земјата до петок наутро, како и железничките линии.

Невремето ќе зафати и повеќе земји во Западна Европа, меѓу кои и Велика Британија и Холандија.

Најголемото невреме ќе ги погоди истокот, југот и југоисточниот дел на Англија, се вели во прогнозата на метеорологот.

Холандската авиокомпанија KLM денеска откажа десетици летови до и од аеродромот Шипхол во Амстердам, бидејќи се очекува Киран да ја погоди земјата со ветрови до 110 километри на час, пренесува Танјуг.

Loading...