Франција: Католичката црква разгледува можност за компензација на жртвите злоупотребени како деца

Сподели со своите пријатели

Католичката црква во Франција е подготвена да продава имот, да ги користи своите резерви, па дури и да се задолжува за да плати обештетување на луѓето кои биле злоупотребувани од членовите на свештенството, изјавија тамошните верски водачи.

Loading...

Донациите од верниците не смеат да се користат за компензација, рече надбискупот Ерик де Мулен-Бофор на состанокот на француските бискупи.

Црковните водачи сѐ уште не одлучиле колкава ќе биде висината на обесштетувањето. Тие се надеваат дека ќе ги решат тужбите со обвинителите против обвинетите за користење на црковните позиции за злоупотреба на деца.

Во извештајот објавен во октомври се тврди дека членовите на свештенството во Франција малтретирале околу 330.000 деца од 1950-тите.

Во петокот црквата се согласи да сноси институционална одговорност за нападите и призна дека злоупотребата имала системска димензија.

Работните групи координирани од жртвите и претставниците на лаици треба да ги истражат причините за широко распространето сексуално насилство во редовите на Црквата, јавуваат ДПА и Хина.

Треба да се донесат и правила за надзор над верските службеници за да не се повторат овие злосторства во иднина, рече надбискупот.