Франција ги заостри мерките против птичјиот грип по новата епидемија

Сподели со своите пријатели

Франција ги зајакна санитарните мерки за борба против бранот птичји грип на фармите за патки во југозападниот дел на земјата, каде што изби нова епидемија на 4 мај, соопшти француското Министерство за земјоделство.

Loading...

Франција е меѓу најпогодените земји од ширењето на овој вирус, а болеста уби стотици милиони птици во изминатата година и го наруши снабдувањето со месо од живина и јајца, пренесува Ројтерс.

Од 4 мај досега во југозападна Франција се откриени 21 случај на високопатогена форма на птичји грип, најмногу кај патки, се вели во соопштението на Министерството.

Околу местото на избувнување е проширена санитарна тампон зона до 20 километри.

Последните случаи ја нагласуваат важноста од вакцинирање на јата патки, објави Министерството, јави Танјуг.

Франција минатиот месец објави тендер за да обезбеди 80 милиони дози за да биде подготвена да започне програмата за вакцинација наесен.