Флорида: Погубен осуден кој сексуално нападнал и убил две жени пред 40 години

Сподели со своите пријатели

Властите во американската сојузна држава Флорида егзекутираа маж кој е осуден на смрт речиси 40 години, откако тој сексуално нападнал и убил две жени.

Loading...

Двејн Овен (62) добил смртоносна инјекција и бил прогласен за мртов во 18:14 часот во затворот Рејфорд, изјави портпаролката на државниот казнено-поправен дом.

На судењето, Овен го признал убиството, како и други напади.

Адвокатите побараа Овен да биде поштеден од смртна казна поради неговата психичка состојба, но барањето на одбраната беше одбиено.

Овен е 12-тиот осуденик погубен од почетокот на годината во Соединетите Американски Држави (САД), само во четири држави – Тексас, Оклахома, Мисури и Флорида.