Финската амбасада во Москва бара Русија да ја гарантира нејзината безбедност

Сподели со своите пријатели

Амбасадата на Финска во Москва побара од Русија да ја гарантира безбедноста на таа дипломатска мисија по инцидентот оваа недела во кој луѓе со маски на лицата фрлаа огнени топки во дворот на амбасадата, објави денеска Ројтерс, пренесува Танјуг.

Loading...

Министерството за надворешни работи на Финска соопшти дека во инцидентот нема повредени или оштетувања на зградата на амбасадата.

Заменик-амбасадорот побара од Русија „да ја гарантира безбедноста на персоналот и зградата, во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи“.

На апликацијата Телеграм се појави видео на кое се гледаат десет луѓе како трчаат кон зградата и фрлаат неколку чекани преку оградата.