Филипче: Следните денови дефинитивна одлука за вклучувањето на учениците од медицина во болничките одделенија

Сподели со своите пријатели

Разговаравме уште неколку пати со дел од родителите на учениците од Средното медицинско училиште, како и со директорката на училиштето. Една од опциите е тие да се вклучат и да се поддржи работата во одделенијата каде не се третираат ковид пациенти за поискусните медицински сестри да работат со ковид пациентите.

Loading...

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за реакциите во врска со најавата за вклучување на тие учениците во борбата против Ковид-19.

– Вчера во текот на денот стигнаа реакциите. Следните неколку денови ќе се донесе дефинитивна одлука која нема да биде наметната секако во договор со сите чинители, додаде Филипче по посетата на Општата болница во Гостивар, каде беше придружуван од првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Рената Пепељугоска

 

Leave a Reply