Филипче им ја честита 13 Ноемвриската награда на д-р Караџовски и на тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче им ја честита 13 Ноемвриската награда на Град Скопје на годинашните добитиници од областа на здравствената заштита и тоа на епидемиологот д-р Жарко Караџовски, како и на тимот кој ја направи првата трансплантација на срце во земјава на 23 мај годинава, соопшти Министерството за здравство.

Loading...

Во тимот кој го трансплантираше првото срце учествуваа: доц. д-р Маја Мојсова, д-р Билјана Андоновска, д-р Весна Дурнев, Адријана Георгиев, проф. Кочо Димитровски, проф. Сашко Јовев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, академик Жан Митрев, д-р Александар Николиќ, д-р Менка Лазаревска, д-р Тања Анѓушева, д-р Ванѓел Здравевски, д-р Ќјутмил Џемили, д-р Никола Христов, д-р Стафанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Димче Славевски и д-р Марија Гераковска.

– Освен честитките кон лекарите кои учествуваа во трансплантацијата, уште еднаш упатуваме благодарност и до семејствата на донорите, чија несебична одлука спаси не еден, туку повеќе животи, стои во соопштението од МЗ.

Рената Пепељугоска

Leave a Reply