Филипче ги посети студентите од шеста година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во ИЈЗ

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче ги посети студентите од шеста година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во Институтот за јавно здравје. Околу 40 студенти се вклучени во овој проект и освен во Институтот за јавно здравје, тие се ангажирани и во Државниот санитарен инспекторат и во Центарот за јавно здравје во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Loading...

Во наредните недели, како што се посочува, согласно потребите дополнителен број студенти ќе бидат распределени и во центрите за јавно здравје низ земјава. Сите тие ќе помагаат во изработка и внесување на податоците од анкетните листови на контактите на ковид позитивните пациети.

-Пронаоѓањето на контактите и нивна изолација е ден од најголемите предизвици со кој непрекинато се соочуваме. И за ова ни е потребна помош. Учеството на студентите е непроценливо голем придонес сега и во периодот кој ќе следи. Од друга страна, овие работни задачи ќе им понудат на студентите непроценливо искуство во сферата на епидемиологијата и јавното здравје. Студентите се вклучија во овој проект по средбата на министерот со деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, Соња Топузовска на која беше договорено ангажманот да трае шест месеци, а студентите освен што ќе стекнат искуство, на овој начин ќе ја реализраат и клиничката практика по јавно здравје и ќе им биде признаен стажот, стои во соопштението.

Рената Пепељугоска

Leave a Reply