Филипче: Да не се напуштаат домовите по 18 часот

Сподели со своите пријатели

Да не се напуштаат домовите по 18 часот без особена потреба, е една од препораките кои се донесени денеска на владина седница со цел да се спречи формирање на групи граѓани и ширење на коронавирусот.

Loading...

Досегашната препорака беше да не се напуштаат домовите по 21 часот, но сега со скратување на работата на угостителските објекти, се намалува препораката за по 18 часот.

– Меѓу мерките се, скратување на работно време на угостителски објекти, забрана за новогодишни настани на плоштади од страна на општините, забрана за новогодишни или предновогодишни забави од работни организации,укажување на верските заедници да не повикуваат на масовни групирања и собири за верските празници и препорака да нема собирање по домови ниту пак во викендиците во викенд населбите, по примерот на тоа што го препорачавме на почетокот на кризата, и уште еден апел, тоа што беше на сила по 21 часот да не се излегува од дома по 18 часот за да се избегнат ризици од формирање групи на граѓани, рече Филишче.

Препораките да не се организираат прослави и забави остануваат на совеста на граѓаните, рече Филипче, бидејќи нема друг механизам да се забрани групирање во домовите и тоа да се контролира, со оглед дека интегритетот на домот е загарантиран со устав.

Никола Ивановски

Leave a Reply