Фејсбук и Инстаграм ќе предупредуваат за неносење маски

Сподели со своите пријатели

Фејсбук објави проширување на своите напори да обезбеди навремени и точни информации за своите корисници во пандемијата на коронавирус.

Loading...

По презентирањето на информативен центар каде корисниците можат да добијат информации за коронавирусот релевантни за подрачјето во кое се наоѓаат, веста е дека тие ќе ги предупредат корисниците за потребата да носат заштитна маска, пишува Zimo.

Фејсбук станува „мрежа за старци“, пристигнува „ТикТок-от на Инстаграм“ како решение

Предупредувањето ќе се појави пред сè на екраните на корисниците во САД, каде што ситуацијата со пандемијата на коронавирус станува се посериозна, а потоа и во оние делови на светот каде што е задолжително носењето маски.

Така, корисниците на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ ќе гледаат еден вид предупредување и потсетување на врвот на своите мобилни екрани со порака „кога сте во јавност, покријте ги устата и носот со платнена маска“ и врска до надлежните органи што се занимаваат со борбата против коронавирусот.

Акциите на Фејсбук во пад поради бојкотот од големите компании

За потсетување, Фејсбук има дизајнирано центри за информации на своите платформи на Фејсбук и Инстаграм каде што корисниците можат да најдат корисни информации за тоа како да се заштитат себеси и луѓето околу нив од коронавирусот, но исто така да понудат или да најдат помош што другите корисници ја нудат во форма на намирници, лекови или едноставно психолошка помош.

Leave a Reply