Фејсбук станува „мрежа за старци“, пристигнува „ТикТок-от на Инстаграм“ како решение

Сподели со своите пријатели

Фејсбук неодамна објави дека на 10 јули ќе ја затвори својата, барем за нас, помалку познатата, апликација „Lasso“, креирана за да биде конкурент на кинескиот „ТикТок“.

Loading...

Намерата на американскиот интернет гигант е да се фокусира на нејзината апликација за слична намена наречена – Instagram Reels.

Најодвратните ТикТок предизвици: Поради популарност лижат и ВЦ школки

Ласо беше лансирана во ноември 2018 година, а беше достапна само во САД и 10 други земји во Латинска Америка. Како и TikTok, Ласо исто така прикажуваше видеа со траење до 15 секунди, од со свирење на популарни песни во позадина.

Од друга страна, Instagram Reels не е специјална апликација, но ќе биде дополнителна опција во рамките на Instagram, што ќе им овозможи на корисниците да снимаат кратки видеа придружени со музика.

Фејсбук, меѓутоа, не е сам во тоа што сака да земе парче од тортата на TikTok, бидејќи YouTube исто така планира да ја лансира својата апликација со истите карактеристики.

ЛУДОРИИ ОД КАРАНТИН: Овие животни „го покорија“ TikTok (ВИДЕО)

И, додека, на бранот на економската војна меѓу САД и Кина, бројни експерти и претставници на различни интернет компании тврдат дека „ТикТок“ не е безбеден и ја загрозува приватноста на своите корисници, може да има друга причина зад тоа, пренесува The Next Web.

Loading...

Како што изјави директорот за операции на Фејсбук, Шерил Сандберг, во неодамнешното интервју за „Бизнис инсајдер“, метеорскиот успон на „ТикТок“ буквално го „прекина“приливот на Фејсбук на нови млади корисници.

Во едно интервју, Сандберг дури призна дека нејзините деца го користат и „ТикТок“.

Зошто Пентагон ја забрани апликацијата TikTok?

Во таква ситуација, едно нешто што може да му помогне на Фејсбук е зголемениот надзор на апликациите кои потекнуваат од Кина, од „безбедносни причини“, па дури и можна забрана, која беше најавена како една од можностите на американската администрација.

Leave a Reply