Фатено лице од Косово при извршување кражба од банкомат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен државјанин на Косово денеска бил приведен при обид рано утринава да ограби банкомат на една банка во Куманово, лоцирана на истата улица како и полициската станица во Куманово.

Loading...

– Денеска во 04.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле косовскиот државјанин А.М.(41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, во непосредна близина на местото било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со  косовски национални ознаки.

Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на Граничен премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply