Фасадата на рускиот конзулат во Њујорк е обоена во црвено

Сподели со своите пријатели

Фасадата на рускиот конзулат во Њујорк е обоена во црвено, соопшти вчера полицијата, а најверојатно станува збор за протест поради припојувањето на четири украински региони кон Москва.

Loading...

Вчера околу пладне низ фасадата на конзулатот, зграда во ренесансен стил лоцирана на Менхетен, можеа да се забележат големи дамки и ленти црвена боја високи неколку метри, објави фотограф од France Presse.

Во црвено е обоена и влезната врата.

Претставник на полицијата изјави дека полицијата била алармирана околу 1.30 часот, истрагата е во тек и засега нема уапсени.

Овој вандалски чин се случи во време кога рускиот претседател Владимир Путин ја официјализираше анексијата на четири украински територии по одржувањето на референдумот што многу земји, предводени од САД, го осудија како лажен, пишува Франс прес.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...