Фантастичен трик: Ако сакате вашите цвеќиња да бидат долго време свежи, само направете го ова

Сподели со своите пријатели

Корисниците на социјалните мрежи со недели споделуваат неверојатен трик како цвеќето да биде подолго свежо и миризливо со неколку парички. Во Фејсбук групата Mrs Hinch Cleaning Tips, многу корисници споделија како трикот им помогнал на нивните букети да останат живи подолго од вообичаено.

Loading...

Затоа, доколку сакате цвеќињата во вазната да траат подолго од една недела, испробајте го овој паметен трик. Имено, се што треба да направите е да додадете неколку бакарни монети во вазната со цвеќиња.

Но, што вели науката за трикот со монети и дали навистина функционира за да ги одржувате цвеќињата подолго свежи? Според експертите, бакарните монети делуваат како антимикробно средство.

„Сеченото цвеќе речиси веднаш почнува да се распаѓа. Воздухот и бактериите можат да ги затнат малите пори на циркулаторниот систем на растението, спречувајќи ја дистрибуцијата на виталната вода и храна околу цвеќето, а таа почнува да венее. Така, со намалување на микроорганизмите во водата, треба да можете да го продолжите животот на вашите цвеќиња, а бакарот во монетите може да ги убие бактериите“, објаснуваат тие.