Фабриката во која е направен легендарниот теренец се префрла на производство на тоалетна хартија?

Сподели со своите пријатели

Познатиот производител на автомобили одлучи да ја продаде својата фабрика во централна Јапонија за околу 34 милиони долари. Станува збор за фабрика во која се произведуваше Митсубиши Пајеро , а беше затворена во 2020 година.

Loading...

Тоа е првата фабрика од 2001 година што се затвора во Јапонија. Познат е и новиот сопственик на комбинатот. Според Nikkei Asia, станува збор за Daio Paper, производител на хартиени марамчиња и тоалетна хартија. Фабриката ќе премине во рацете на новиот сопственик до крајот на месецот, а се уште не се знае кога ќе започне производството.

 

 

За потсетување, фабриката во која се произведуваше Пајеро во најдобрите години произведе до 170.000 возила, додека во 2019 година беа направени само 63.000 возила.

Истовремено, падна и производството на Митсубиши, кое минатата година ја заврши со произведени околу 400.000 возила, што е намалување за околу 30% во однос на периодот пред пандемијата.

Митсубиши со продажбата на фабриката се обидува да ги намали фиксните трошоци, но и да обезбеди средства за отпремнини за околу 650 непродуктивни работници.

Loading...

 

 

Што се однесува до работниците од фабриката, третина од нив биле префрлени на позиции во компанијата, третина нашле друга работа, а останатите работници предвреме се пензионирале.