Фабрика за бетонски производи ќе се гради во индустриската зона Новаци и Речица

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски на осмата седница на Советот на општината истакна дека е издадена дозвола за градба на нова фабрика за бетонски производи којашто ќе се гради во индустриската развојна зона Новаци и Речици од страна на странски инвеститор од Лариса, Грција.

Loading...

„Во однос на развој на економијата секојдневно сме во разговори со голем број на странски компании кои сакаат да инвестираат на територија на општина Куманово, особено во делот на енергетиката, изградба на фотоволтаични системи. Имав разговор за можна инвестиција – една од најголемите во Европа за потенцијална инвестиција од 300 мегавати инсталирана сила на фотоволтаични панели. Запознаена е и Владата бидејќи немаме надлежности, издаваме дозволи со постоечкиот закон до еден мегават јачина. Стратешкиот партнер го носев на разговор во Влада, верувам дека ќе има некој конкретен резултат и доколку добие договор со Владата за стратешко партнерство можеби ќе се реализира една таква инвестиција. Дополнително, инвестицијата на Дрекслер маер која е во соработка со наши домашни субјекти и Германската амбасада, лобиравме да дојде тука во Куманово. Во следниот период од 2 години предвидени се 2000 нови работни места во тој индустриски капацитет. Отворени сме за секој друг тип на инвестиции“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

 

 

Димитриевски потенцираше дека најголемиот проблем е што се соочуваат со многу бирократски процедури.

„Индустриската зона Новини и Речици која е вцртана во секоја техничка документација на барање на Владата, веднаш потоа откако ни е предадена во владение е дадена и потпишана на некој министер, истото земјиште да се користи и како земјоделско земјиште и се стопанисува со него. Четири писма пративме до Министерство за земјоделие и ниту еден одговор. Еве го Љупчо мојот поранешен другар нека се јави да даде одговор и да напише решение да се поништи тој договор за да можеме да носиме нови инвестиции, бидејќи тој што го потпишал договорот и го издал тоа земјиште на користење на друго правно и физичко лице направил чисто кривично дело со кое мора да се занимава Обвинителството. Ние ќе продолжиме со сопствени сили во рамки на нашиот сектор за локален економски развој да се обидеме да го качиме економскиот раст на градот, бидејќи тоа е од особено значење за сите нас“, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!