Европските берзи благо пораснаа поради растот на цената на нафтата

Сподели со своите пријатели

На европските берзи во понеделник наутро претпазливо се тргува, со најголем раст на цените на акциите во нафтениот сектор, што е благодарение на растот на цените на „црното злато“.

Loading...

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,1 отсто.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,58 отсто, на 7.650 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,33 отсто, на 16.105 поени, а париски CAC 0,10 отсто, на 7.278 поени.

Растот на индексот најмногу се должи на скокот на цените на акциите во нафтениот сектор, во просек за 1 отсто, што се должи на растот на цената на нафтата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Цените на акциите благо пораснаа и на азиските берзи.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, порасна за 0,3 отсто околу 9:30 часот.

Го спречи потенцијалниот банкрот на Америка

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 2,2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 1 отсто.

Азиските инвеститори беа охрабрени од силниот раст на цените на акциите на Волстрит во петокот, откако американскиот Конгрес го поддржа Законот за фискална одговорност.

Loading...

Со тоа е суспендиран лимитот за задолжување на американската влада од 31.400 милијарди долари, со што се спречи евентуалниот банкрот на најголемата светска економија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Дополнително, инвеститорите се повеќе се убедени дека ФЕД ќе направи пауза од дополнителното зголемување на каматните стапки во јуни, а можеби и во јули, најмногу благодарение на податоците од американскиот пазар на труд.

Сè повеќе луѓе во САД бараат работа

Имено, во мај бројот на вработени во САД е зголемен за 339 илјади, значително повеќе од очекуваното.

Но, стапката на невработеност достигна највисоко ниво во последните седум месеци од 3,7 отсто, што покажува дека се повеќе луѓе бараат работа и дека условите на пазарот на трудот се олеснуваат.

Имено, повеќе работна сила го намалува притисокот врз компаниите да ги зголемат платите, што помага да се забави инфлацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Најновите податоци ги поддржаа надежите дека ФЕД ќе паузира со затегнување на монетарната политика.

Така, пазарот на пари проценува дека има повеќе од 70 отсто шанси ФЕД да не ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени на јунската сесија.

Loading...