ЕУ ќе обезбеди дополнителни средства за Италија во борбата против нерегуларната миграција

Сподели со своите пријатели

Европската комисија во вторникот објави дека ќе обезбеди дополнителни средства за Италија во борбата против нерегуларната миграција.

Loading...

Нагласувајќи ја важноста од достоинствен и хуман третман на барателите на азил, еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан рече дека мора да се зголеми солидарноста меѓу членките на ЕУ и оти очекуваат бегалците побрзо и во поголем број да се движат од Италија во други земји.

На пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, Франција, тој зборуваше за потребата од европска солидарност за спасување животи во Медитеранот, особено во Италија.

Хан рече дека речиси 30.000 бегалци пристигнале во Италија во првите три месеци од оваа година, што е за 300 отсто зголемување во однос на истиот период минатата година.

Италија е земјата која добила најмногу средства за миграција од Европската унија, рече тој и додаде дека од 2015 година таа земја добила две милијарди евра.

„Европската комисија е во преговори со Италија за можна дополнителна итна финансиска поддршка“, додаде Хан.

Тој рече дека европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон ќе го посети Тунис овој месец како дел од напорите за борба против трговијата со луѓе и поддршка на Италија преку решавање на основните причини за миграцијата.

Хан се осврна и на неодамнешното прогласување на вонредна состојба во Италија по „напливот“ на пристигнувања на мигранти долж јужните брегови на земјата.

Loading...

„Ниту една земја не може сама да управува со миграцијата. Ниту една политика сама по себе не е доволна за управување со миграцијата. Ни треба сеопфатна миграциска политика во Европа. Накратко, ни треба договор за миграцијата“, рече Хан.