Европската комисија за прв пат го активираше членот седум од својот Основен договор и започна постапка против Полска, на која и се заканува одземање право на глас во Европскат аунија и замрзнување на повеќе милијарди евра од европските фондови, пренесува АП.
По вчерашната одлука, Европската комисија од сите држави членки ќе побара да потврдат дека реформата на правосудсниот систем во Полска претставува очигледен ризик од сериозно прекрушување на основните европски вредности, а особено на владеењето на правото.
На Полска, меѓутоа, дадена и е уште една можност да ги избегне санцкиите, затоа што Европската комисија наведе дека денешната одлука би можела да биде укината доколку Владата на Послак во рок од три месеци се откаже од најавените реформи во правосудството.
Најавените реформи во Полска значат дека правосудството сега е под директна политичка контрола на владејачкото мнозинство, се наведува во соопштението од Европската комисија.