Свештеник бодибилдер ги воодушеви верниците во Полска, а тогаш се вмеша црквата… (видео)

Сподели со своите пријатели

Воодушевување на Полјаците и голема популарност на „бодибилдерот во мантија“ во медиумите и на социјалните мрежи, доживеаримокатоличкот свештеник Артур Капроња, парох од југозападот на Полска. Но, тоа траело само неколку дена, додека поглаварите не му забраниле натпреварување поради натписи во медиумите.

 

Loading...

 

За свештеникот Артур Капроња, бодибилдингот е повеќегодишно хоби, а натпревањата и успесите кои хи постигнува за Полската католичка црква и неговите надредени бискупи не пречеле, дури го подржувале неговото занимавање со спортот по поговорката „во здраво тело, здрав дух“, се додеак полската приватна телевизија TVN не објавила извештај и снимка од првенство на бодибилдиг на јуниори и ветерани и известуваше за четвртото место кое го земал католичкиот свештеник.

Самиот Карпоњ на својот профил ги известил сите дека ќе се натпреварува и ги повикал верниците да навиваат за него, а снимката на телевизија ја репземале веднаш скоро сите медиуми и веднаш започнал да собира лајкови на социјалните мрежи.

Радоста и гордоста на навивачите и верниците траела кратко, откако бискупот Збигњев Кјерљиковски не го повикал Карпоња да му одржи лекција затоа што пред верниците и цела Полска парадира со голо тело, во гаќи при што му ги забранил понатамошните натпреварувања.

– Ја сфатив својата грешка дека со тоа што учествував на Првенството за бодибилдинг на Полска и со тоа што медиумите објавија снимка ги навредив верниците и молам за прошка, објавил популарниот свештеник на социјалните мрежи.

Додека не избила аферата на профилот на бодибилдерот во мантија, се појавувале позитивни коментари и изрази на благодарност од верниците што со својот пример ги потикнува да мислат на здравјето и да почнат да се занимаваат со некој спорт.