Скриен лавиринт: Истражувач од Полска тврди дека го пронашол бункерот на Хитлер

Сподели со своите пријатели

Полски истражувач тврди дека големата подземна структура на југозападот од Полска која од неодамна ја пронашол, било нацистички нуклеарен заштитен центар, направен за Адолф Хитлер.

Loading...

Полскиот истражувач Кристоф Спаковски според „докази“ кои ги спобирал со децении, вклучувајќи и изјави на сведоци, стари документи и истражени области, е сигурен дека се работи за склониште наменето за Хитлер.

Во интервју за TVN24, Спаковски изјавил дека структурата е дел од железничките тунели и коридорот кои нацистите го граделе во текор на Втората светска војна околу градот Валбжиха.

Покрај тоа, од неодамна двајца мажи тврдат дека пронашле тунел во близина на истиот град во кој, според нивните зборови, се наоѓа нацистички воз полн со злато и оружје.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.