Премиерката на Полска: Немаме капацитет да прифатиме повеќе од 2000 бегалци

Сподели со своите пријатели

Актуелната премиерка на Полска, Ева Копач денес ја повтори одлуката, нејзината држава да прими 2000 од вкупната бројка бегалци од Блискиот Исток, со оглед на расположивите капацитети на државата.

Loading...

Во изјавата дадена по специјалниот состанок поврзан со бегалската криза, Копач истакна дека се направени проценки кои укажуваа дека бројката од 2000 бегалци е сосема задоволитена за Полска како членка на ЕУ.

– Ние сме спремни да пружиме помош. Посветени сме на солидарноста, но мораме да бидеме и одговорно солидарни. Немаме капацитет за повеќе бегалци. Во спротивно, секоја поголема бројка може да ја дестабилизира државата, вели Копач во изјавата пренесена од Ројтерс.

Полска во јули се согласи да прифати 2000 бегалци од Сирија и Северна Африка до 2017 година.

Фото: Ројтерс