ЕУ го одобри 13-тиот пакет санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Европската унија денеска го одобри 13-тиот пакет санкции против Русија, објави белгиското претседателство со ЕУ на платформата Х (Твитер).

Loading...

„Амбасадорите на ЕУ штотуку се договорија, во принцип, за 13-тиот пакет санкции во врска со руската агресија врз Украина. Ова е еден од најшироките пакети одобрени од ЕУ“, соопшти Белгија.

Во новиот пакет, на списокот ќе бидат додадени близу 200 субјекти и физички лица, но нема нови мерки за конкретни сектори.

Во оваа прилика говореше и Јосеп Борел, шеф на дипломатијата на ЕУ.

„Имаме договор за 13. пакет. Додадовме близу 200 лица и субјекти во нашиот пакет, така што има повеќе од 2.000 луѓе на црната листа на ЕУ. Со овој пакет преземаме многу посилни акции против субјектите кои се вклучени во заобиколувањето на санкциите, како и во воените сектори“, изјави Борел на платформата Х.