Еруптираше вулкан на Камчатка, облак од пепел висок 20 километри (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вулканот Шивелуч на далечниот исток на Русија еруптираше во вторник наутро, исфрлајќи пепел до 20 километри.

Loading...

Властите на Камчатка го следат протокот на лава, а жителите на околните градови се предупредени да останат во затворени простории и да носат маски.

Ерупцијата на вулканот се случила околу 1 часот по полноќ по локално време и го достигнала својот максимум нешто пред 6 часот наутро, објавија вулканолозите од локалниот огранок на Руската академија на науките.

Облаци од врел пепел се издигнаа на небото, проследено со паѓање на камења и лава што течеше од планина 2.500 метри над Тихиот Океан.

Инструментите и сателитскиот мониторинг потврдија дека пепелта достигнала висина до 20 километри во атмосферата.

Настанот го регистрираа и мониторинг станиците лоцирани на повеќе од 100 километри од вулканот.

На социјалните мрежи се шират видеа од ерупцијата и облакот чад што се појави над Шивелуч, како и фотографии од дебелиот слој пепел што ги покрива возилата и домовите во околните градови.

„За среќа, вулканот не еруптираше за време на туристичката сезона. Тогаш многу неодговорни патници ги игнорираат предупредувањата и талкаат во забранетата област”, изјави Данила Чебров, директорка на одделот Камчатка на федералната геолошка служба.

Loading...

Во Клуци, место на педесетина километри од Шивелуч, небото поцрни.