Ердоган: Украина заслужува да стане членка на НАТО

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган по разговорот со украинскиот лидер Володимир Зеленски изјави дека Украина заслужува да стане членка на НАТО.

Loading...

– Без сомнение, Украина заслужува членство во НАТО – рече Ердоган на прес-конференција во Истанбул, по средбата која заврши доцна во петокот и траеше повеќе од 2,5 часа.

Зеленски го покани Ердоган на таканаречениот „глобален мировен самит“ што Украина го подготвува.

– Благодарен сум на Турција што ја поддржа „формулата за мир“, која ја претставив минатата година. Активно работиме на реализација на точките од формулата, подготвуваме глобален мировен самит. За Турција е многу важно да биде меѓу лидерите и во овој бизнис – рече Зеленски.

Турција се надева дека ќе го продолжи „договорот за храна“

Ердоган истакна дека се надева оти „договорот за храна“, со кој се регулира извозот на украинско жито и ѓубрива преку Црното Море, ќе биде продолжен по 17 јули, кога истекува.

Турскиот претседател рече дека очекува да разговара со рускиот лидер Владимир Путин за „договорот за храна“, и телефонски и лично.

– Продолжуваме со напорите во врска со коридорот за жито. Размислуваме колку можеме да го продолжиме договорот по 17 јули. Очекуваме да се продолжува најмалку еднаш на три месеци, а механизмот во целина да се продолжува за две години. Очекувам да разговараме за оваа работа со почитуваниот господин Путин и преку телефонска дипломатија и лично. Тоа е едно од нашите главни прашања – рече Ердоган.

Тој изјави дека ја очекува посетата на Путин на Турција во август.

Loading...

– Следниот месец господинот Путин ќе ја посети Турција, повторно ќе можеме да разговараме за размена на воени заробеници лице в лице – рече Ердоган и додаде дека Анкара на оваа тема преговара со Москва и Киев.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин во јуни изјави дека Русија работи на тоа 18 јули да стане последен ден на важност на „неисполнетиот договор“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така изјави дека нема предуслови за продолжување на договорот за храна, бидејќи не е исполнет делот од документот што се однесува на Русија.

„Договорот за храна“ беше потпишан на 22 јули минатата година од претставници на Русија, Турција, Украина и Обединетите нации.