Ердоган понуди средба Зеленски-Путин во Турција

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека за време на разговорите во Лавов му понудил на својот украински колега Володимир Зеленски Анкара да ја организира неговата средба со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.

Loading...

„Повторив дека нашата солидарност и поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина ќе продолжи, исто како што му кажав на господинот Путин за време на мојата посета на Сочи. Го потсетив господинот Зеленски дека можеме да ја организираме нивната средба, рече Ердоган, кој беше во Лавов вчера со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Според него, за време на трилатералната средба станало збор за чекори што може да се преземат за интензивирање на активноста на украинскиот механизам за извоз на жито.

Ердоган рече дека планира да разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје со рускиот лидер Владимир Путин и да побара од него да преземе конкретни мерки.

Тој оцени дека темата за нуклеарната централа Запорожје е „не случајна“ и рече дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) треба внимателно да ја следи ситуацијата и да преземе одредена одговорност за тоа што треба да се направи.

„Кога реков: „Не сакаме да доживееме нов Чернобил“, мислев на ова. Ќе разговараме за ова прашање со почитуваниот господин Путин и особено ќе го прашаме за тоа како Русија ќе придонесе за овој важен чекор кон светски мир“, рече Ердоган на новинарите во авионот по враќањето од Лавов.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.