Ердоган: Борел нема овластување за односите меѓу Русија и Турција

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, одговарајќи на повикот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, дека Турција се приклучува кон санкциите против Русија, изјави дека европскиот политичар нема овластување за односите меѓу Москва и Анкара.

Loading...

Ердоган, по враќањето од средбата во Туркменистан, посочи дека Борел може да разговара со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу бидејќи тоа е неговото ниво, објави телевизискиот канал ТРТ, а пренесува руската агенција ТАС С.

„Борел не може да ги дефинира и официјализира односите на Турција со Русија, бидејќи тој нема ниту квалификации ниту способност да носи такви одлуки“, рече Ердоган.

Борел неодамна во писмо до Европскиот парламент изјави дека продлабочувањето на врските меѓу Турција и Русија се причина за голема загриженост, како и продолжувањето на политиката на Турција да не се приклучува кон рестриктивните мерки против Русија воведени од ЕУ.