Елка висока 20 метри падна врз луѓе во Белгија: Една жена загина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една жена почина од повредите откако елка падна врз неа и уште две лица на божиќен пазар во Белгија.

Loading...

Несреќата се случила во четвртокот вечерта на божиќниот саем во градот Уденарде, на околу 50 километри западно од Брисел.

20 метри високата елка изгледа не го издржа силниот налет на ветерот и падна врз луѓето на саемот.

Новогодишната елка паднала врз три лица, од кои едното од тешките повреди набргу починало во болница.

Видеата на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога огромна елка падна врз луѓето.

Како што можете да видите на видеата, елката истовремено се ниша и паѓа, додека три лица завршиле под неа.

 

Loading...

 

Се уште не е познато дали огромната, украсена елка била соодветно обезбедена.

Градот Однаарде изрази сочувство до семејството и пријателите на жртвата.

 

 

Уште две лица останале заробени под дрвото, но случајните минувачи ги ослободиле.

 

Loading...
@hln_be Kerstboom in Oudenaarde valt om: drie gewonden, één persoon zwaargewond naar ziekenhuis. #hln #oudenaarde #oostvlaanderen #crime #crimetok #kerstboom #viral ♬ Minimal for news / news suspense(1169746) – Hiraoka Kotaro