Експлозија на влезот на воени аеродром во Кабул, има жртви

Сподели со своите пријатели

На влезот на воени аеродром во Кабул во неделата се случила експлозија и има жртви, соопшти авганистанското МВР.

Loading...

Портпаролот на министерството, Абдул Нафи Такор, изјави дека повеќе луѓе се убиени и ранети, додавајќи дека истрагата е во тек.

Воениот аеродром во Кабул се наоѓа помеѓу цивилниот аеродром и комплексот на Министерството за внатрешни работи. Според локални извори, сите патишта кои водат до местото на експлозијата во моментов се блокирани од талибанските безбедносни сили.

Засега никој не ја презел одговорноста за експлозијата.

Откако талибанците се вратија на власт во август 2021 година, групата Исламска држава ги интензивираше нападите во Авганистан, главно насочени кон верските малцинства, талибанците, како и странските дипломатски мисии.