Експлозија на метеор која никој не ја забележал

Сподели со своите пријатели

Трета по јачина експлозија на метеор во последните сто години се случила на 18 декември минатата година, но скоро никој не забележал и покрај тоа што метеорот во допир со атмосферата на Земјата експлодирал со јачин од 173 килотони ТНТ, десет пати посилно од атомската бобма фрлена на Хирошима во 1945.

Loading...

Метеорот експлодиран на небото над Берингово море, кај полуостровот Камчатка во Русија. Експлозијата ја забележале 16 инфразвучни станици ширум светот кои се поставени да откриваат нуклеарни експлозии во атмосферата на Земјата.

Траги од чад кои метеорот ги оставил по експлозијат аслучајно ги фотографирал јапонскиот метеоролошки стателите „Химавари 8“ кој случајно се нашол на небото во тој момент. Наводно, метеороло експлодирал над Бериногото море во близина на комерцијалната авионска линија меѓу Северна Америка и Азија, но никој не пријавил било каков необичен настан.

– Кога ќе ги видите овие инфразвучни бранови, веднаш знаете дека дошло до удар или големо ослободување на енергија, вели астрономот Алан Фицсимонс од Универзитетот Квинс во Белфаст за списанието „Њу саентист“.

НАСА спровела независна истрага за овој настан со помош на сателит на американската војска. Пресметале дека метеоролот се движел со брзина од 115.200 километри на час и дека експлодирал на надморска височина од 25,6 километри.

Врз основа на сателитските снимки, се проценува дека метеорот во радиус бил широк околу 10 метри и дека имал маса од приближно 1.400 тони. Инаку, според критериумите на НАСА за астероиди тој би морал да има најмали 140 метри во радиус за да се класифицира како опасен за Земјата.

Loading...

Експлозијата на метеорот во чељабинск со јачина од 440 килотони која се случила во 2013 година оштетила згради во радиус од неколку стотици километри. Во таа прилика повредени се 1.200 луѓе, но за среќа никој не загинал. Сличен настан од 1908 година во Тунгуската област срамнил со Земја околу 2.000 квадратни километри сибирска шума.

НАСА од 1988 година забележала 774 атмосферски огнени топки, од кои голем дел без никакви последици експлодирале над океаните на Земјата.

Leave a Reply