Експлодираше најголемото нафтено поле во Казахстан

Сподели со своите пријатели

Откако претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев изјави дека е посветен на пријателските односи со Европа и предложи зголемување на испораките на нафта во ЕУ за да помогне во решавањето на енергетската криза, неволјите за нафтената индустрија во земјата продолжуваат.

Loading...

Во вторникот судот на Новоросија ја запре работата на поморските терминали преку кои се извезуваше казахстанската нафта, а во средата дошло до експлозија на најголемото нафтено поле во Казахстан, пишува moscowtimes.nl.

Како што пренесува Интерфакс, околу 09:55 часот по локално време експлодирала цевка во регионот Зилој на полето Тенгиз, чии резерви се проценуваат на 3,2 милијарди тони.

Како резултат на тоа, двајца млади работници родени 1985 година загинаа, додека други три лица беа повредени.

Истрагата за инцидентот е започната според дел 3 од член 156 од Кривичниот законик на Казахстан (прекршување на правилата за заштита на трудот), соопшти регионалниот полициски оддел Атирау.

Полето лоцирано на запад од Казахстан го развива компанијата „Тенгизчевроил“, која е 50 отсто во сопственост на американскиот Шеврон и уште 25 отсто на Ексон Мобил.

Проектот за проширување на производството во вредност од 45,2 милијарди долари сега е во тек во Тенгиз, планиран да биде завршен во 2023 година.

Казахстан е на 11-то место во светот според производството на нафта – 1,7 милиони барели дневно.

Loading...

Вкупно 89 отсто од овој волумен се извезува, а најголемиот дел оди преку гасоводот што води до Новоросија.

Најголеми купувачи на нафта од Казахстан минатата година беа Италија (17,9 милиони тони), Холандија (8,2 милиони тони) и Франција (4,5 милиони тони).

Казахстан е подготвен да го „искористи својот нафтен потенцијал“ за да им помогне на европските земји да ја стабилизираат ситуацијата на енергетскиот пазар, рече Токаев во понеделникот за време на состанокот со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Казахстан е „посветен на развивање одржливи врски со ЕУ“, најголемиот трговски партнер за националната економија и е подготвен да ја игра улогата на „тампон пазар“ меѓу Истокот и Западот, додаде тој.

Две недели претходно, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Токаев одби да ги признае ДНР и ЛНР и ги критикуваше руските пратеници и пропагандисти.

Казахстан останува пријателска земја за Русија, изјави во средата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој нагласи дека властите на Казахстан не донеле никакви одлуки за приклучување кон санкциите против Руската Федерација.