Едно лице загина во сообраќајката на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што попладнево околу 15:15 часот се случи на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка кај селото Војник.

До сообраќајката дошло помеѓу патничко моторно возил „Алфа Ромео“ управувано од Н. С. (1991) од село Марино – Скопје и товарно моторно возило „Сканија“ управувано од Д. А. (1975) од Скопје.

На лице место починал дваесет и седумгодишниот возач Н.С. од Скопје.

Увид на лице место извршија екипи на СВР Куманово, а во извлекувањето на безживотното тело учествуваа пожарникарите од ТППЕ Куманово.

Leave a Reply