Еден оздравен и двајца новозаразени од коронавирус во Куманово

Сподели со своите пријатели

Денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти од КОВИД-19.

Loading...

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:

– Скопје 11

– Куманово 2

– Струга 1

– Велес 3

– Кавадарци 2

– Гостивар 2

Loading...

– Неготино 1

На Институтот за јавно здравје денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти од Ковид-19, информира Министерството за здравство.

По градови тоа се: Скопје -19, Куманово -1, Штип -5, Прилеп -4, Тетово -1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2. Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи, и тоа во: Скопје -11, Куманово -2, Струга -1, Велес -3, Кавадарци -2, Гостивар -2 и Неготино -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, а на починати е 71 лице. Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април.

Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на КОВИ-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

Leave a Reply