Џенај Камп и Снежана Алексиќ го засилуваат ЖКК Куманово

Сподели со своите пријатели

Женскиот кошаркарски тим ЖКК Куманово го комплетираше својот состав за престојната сезона.

Loading...

Во тимот пристигнаа Џенај Камп како и добро познатата кошаркарка на македонската јавност Снежана Алексиќ.

Тие се приклучија на тимот и го одработија својот прв тренинг во новата средина.

Камп доаѓа од САД и досега има играно на тамошниот колеџ. Игра на позиција центар и нејзината карактеристика која ја прави доминантна е играта во  дефанзива.

Од клубот се изјаснија дека токму таков профил на играч им недостасуваше во ростерот.

Снежана Алексиќ доаѓа од шпанскиот прволигаш Естепона и игра на позиција бек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

Нејзиното големо искуство ќе придонесе тимот да ја добие стабилноста во играта како во нападот така и во одбраната.

Натпреварувачката сезона се очекува да стартува кон почетокот на следниот месец, а ЖКК Куманово е единствениот кошаркарски прволигаш во градот.

Loading...

Никола Ивановски