Две лица ранети во напад на возило во источен Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Вооружен маж денеска отвори оган врз возило во источен Ерусалим при што рани две лица, соопшти израелската служба за итни случаи.

Loading...

Нападот се случи во време на зголемени тензии во израелско-палестинскиот конфликт и за време на муслиманскиот свет месец Рамазан, кој оваа година се совпадна со еврејскиот празник Пасха, пренесува Ројтерс.

Израелската полиција соопшти дека осомничен вооружен напаѓач отворил оган врз возило во областа Шеик Јар во Источен Ерусалим, каде тензиите меѓу Палестинците и еврејските доселеници се високи во последниве години.

Од Брзата помош соопштија дека две лица се полесно повредени, а полицијата соопшти дека трага по осомничениот напаѓач.

Во одделен инцидент, израелската војска соопшти дека куќа во кибуц во северниот дел на Израел била погодена од огнено оружје, но нема информации за повредени.

Израел го освои Источен Ерусалим, кој го вклучува Стариот град и неговите свети места, во војната на Блискиот Исток во 1967 година, заедно со Западниот Брег и Газа, потег што не е меѓународно признат.

Палестинците ги сакаат тие територии за нивната идна држава, чиј главен град треба да биде Ерусалим.