Две лица натепани на приватна забава на викендица во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Две лица биле физички нападнати на приватна веселба на викендица во село во општината Старо Нагоричане.

– На 22.05.2026 во 15:45 часот во СВР Куманово, М.И.(23) од Куманово пријавил дека пред викенд куќа во село во Општина Старо Нагоричане, во која имало приватна веселба, тој и негов пријател биле физички нападнати од неколку лица кои употребиле и тврд предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени тројца кумановци, натепале маж кој им се заканувал со оружје и нападнал друг човек