Куманово ќе биде домаќин на првиот официјален фудбалски камп на Real Betis Academy во Македонија. Кампот ќе се одржи од 19 до 21 јуни 2026 година во MM SPORT Евент Центар.
Ова е резултат на соработката меѓу Fundación Real Betis Balompié и локалниот организатор MM Sport. Клубот од Севиља, со 115-годишна традиција и учесник во УЕФА Лигата на шампионите оваа сезона, за првпат го носи својот академски систем во нашата земја.
Според организаторите, кампот не е насочен само кон фудбалска техника, туку кон сеопфатен развој на децата. Целта е да се гради карактер, дисциплина, ментална сила и спортски дух преку методологијата „La Cantera“ на Реал Бетис – систем кој низ годините дал голем број професионални фудбалери кои играат во Ла Лига и национални репрезентации.
За кого е наменет кампот?
За деца родени од 2012 до 2019 година (на возраст од 7 до 14 години). Тренинзите ќе ги водат официјални тренери делегирани од Real Betis Foundation, заедно со локални тренери. Кампот ќе се одвива на FIFA-сертифициран терен, со целосно почитување на безбедносните и медицинските стандарди.
Од организаторите истакнуваат дека проектот се темели на вредностите кои Реал Бетис ги негува со генерации: понизност, труд, посветеност и интегритет.
Интересот за кампот е зголемен, а бројот на места е ограничен. Родителите од Куманово и останатите делови од Македонија кои сакаат нивните деца да бидат дел од ова искуство можат да се пријават на следниве контакти:
Веб-страница: www.mmsport.mk
Е-пошта: [email protected]
Телефон: +389 78 54 34 84
Ова е ретка можност за младите фудбалери од Куманово и Македонија да се запознаат со еден од најреномираните фудбалски академски системи во Европа.
Интегрално соопштение

