Приведени тројца кумановци, натепале маж кој им се заканувал со оружје и нападнал друг човек

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово биле приведени вчеравечер откако натепале маж кпој им се заканувал со огнено оружје.

– На 22.05.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода М.Ј.(58) од Куманово, Н.М.(57) и Ј.В.(40) од с.Табановце, кумановско затоа што пред продажен објект во село Табановце, физички го нападнале М.Л., кој според пријавеното претходно им се заканувал со огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, натепаниот пак, претходно физички нападнал друго лице кое завршило во болница со тешки телсни повреди.

– Исто така, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Т.М., кој бил физички нападнат од М.Л., велат од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово се одржа собир за поддршка на српскиот претседател Вучиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Како што додаваат од полицијата, тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски