„Направи проект за Македонија“: Патриотско друштво ќе финансира граѓански идеи за подобра заедница

Сподели со своите пријатели

Започнува иницијативата „Направи проект за Македонија“ – поддршка за идеи што ќе создадат подобра, почиста и похумана заедница

Во време кога сè повеќе млади луѓе активно сакаат да придонесат за позитивни промени во општеството, Патриотско Друштво ја започнува иницијативата „Направи проект за Македонија“, која преку јавен повик за креативни, општествено корисни и локално применливи проекти, насочени кон подобрување на животната средина, јавните простори и заедницата ќе придонесат за позитивни промени.

Преку оваа иницијатива, граѓаните, младите, неформалните групи, активистите и сите заинтересирани ќе имаат можност да подготват сопствен проект и да аплицираат за финансиска поддршка во форма на ваучери во вредност до 30.000 денари за реализација на предложената идеја.

Целта на проектот е да се поттикне локален активизам, креативност и чувство на одговорност кон средината во која живееме, преку конкретни акции и реални решенија што можат директно да придонесат за подобар изглед и поквалитетен живот во Македонија.

Организаторите ги охрабруваат сите учесници да размислуваат иновативно и практично, а проектите може да опфаќаат различни активности како:

  • обновување и замена на урбана опрема,
  • разубавување на јавни површини,
  • еколошки акции,
  • засадување дрвја и зеленило,
  • поставување национални симболи,
  • организирање настани и општествено корисни активности,
  • хуманитарни акции,
  • младински иницијативи и други идеи што ќе придонесат за позитивна промена во локалната заедница.

Секој учесник треба да подготви:

  • детален план за реализација,
  • предлог локација каде проектот би се реализирал,
  • кратка презентација со опис на идејата, целите и очекуваните резултати. Најдобрите и највпечатливите идеи ќе добијат финансиска поддршка за нивна реализација.

„Македонија има огромен потенцијал кога младите луѓе добиваат можност да создаваат, а не само да набљудуваат. Преку оваа иницијатива сакаме да поттикнеме позитивна енергија, конкретна акција и чувство дека секој може да направи промена, без разлика колку е мала или голема. Веруваме дека најсилните проекти се раѓаат токму од луѓето кои живеат во својата средина и најдобро ги познаваат нејзините потреби“, велат од организацијата.

Иницијативата има за цел да создаде пошироко движење на општествена одговорност, заедништво и патриотизам преку дела, а не само преку зборови, со посебен фокус на активирање на младите генерации и нивно директно вклучување во подобрување на локалните средини.

Апликациите и презентациите потребно е да се испратат на: [email protected]

Организаторите најавуваат дека ова е само почеток на поширок циклус активности и проекти кои во иднина ќе опфатат повеќе градови и локални заедници низ државата. Заедно можеме да создадеме почиста, поубава и посилна Македонија.

Контакт: Кристијан – 075527958

Интегрлано соопштение