Две деца загинаа во пожар во Франција, трето е во тешка состојба

Сподели со своите пријатели

Две деца загинаа рано утринава во пожар во куќа во северозападна Франција каде биле со семејството за божиќните празници, дознава агенцијата Франс прес од полицијата.

Loading...

Децата, девојче од околу осум и момче од околу десет години, не успеале да излезат од запалената зграда, а откако до нив дошле пожарникарите, лекарите можеле само да констатираат дека починале.

Успеале да го реанимираат третото дете, дванаесетгодишното девојче. Таа сега е во болница во Париз и е во тешка состојба.

Вкупно пет возрасни и пет деца од четири генерации на едно семејство што се собрале за Божиќ биле во куќа во едно село во Нормандија, изјави за Франс прес Изабел Дрлија-Пузе, генерален секретар на префектурата на департманот.

Петмина возрасни и другите две деца успеале навреме да излезат од зградата, меѓу кои и деведесетгодишната прабаба, вели таа.

Пожарникарите биле известени во 3 часот и 45 минути и брзо пристигнале, но пожарот веќе многу се проширил.

Отворена е истрага за утврдување на причините за пожарот.